Неколку зборови за нас
Miss Gala
Успешната приказна на Мис Гала како приватен семеен бизнис започнува во 2022 година како дел од семејството на Гала Нутс проширено со овошје и зеленчук. Наша примарна активност е продажба на јаткасти плодови, семиња, зачини, сушени плодови, зрнести производи, специјализирани брашна како и житарки и нивни преработки овошје и зелеччук, но модерниот и брз начин на живот не натера да внесеме и кондиторска роба. Услугата и свежината на робата, квалитетот се наш заштитен знак.
Покрај квалитетот кој Ви го нудиме, висок приоритет ни претставува и Вашето задоволство од услугата. Ние ќе Ве пречекаме секогаш насмеани и подготвени да одговориме на сите Ваши прашања! Цените кои ние Ви ги нудиме, се прифатливи и достапни за секого! Хигиената е на највисоко ниво. Она што не води да одиме напред со голема желба и ентузијазам се секако нашите потрошувачи. Наша цел е вашето задоволство и здрави навики.